Хартиените документи, потврдата за вакцинацијата и ПЦР-потврдите се сосема доволни за влез во Грција. Луѓе од системот „Мој термин“ работат на една варијанта, модул, тој да се надгради и тие податоци да може да се стават во апликацијата, меѓутоа граѓаните мора да знаат дека тоа не е никаков ограничувачки фактор, дека и сегашните документи што потенцијално ќе бидат скенирани во самата апликација им се сосема доволни за влез.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека тоа е само една дополнителна алатка што европските земји ја шират мрежата на институции кои даваат соодветни документи и тоа е суштината на таа апликација. Инаку, појасни, сите наши лаборатории што се акредитирани, Министерството, во однос на вакцините, во делот на тестирањата се практично прифатени тоа е суштината на апликацијата.
Тој посочи дека епидемијата спласнува, меѓутоа апелира граѓаните да останат внимателни.
– Маската е добар механизам. Се тргнува и забраната за групирање. Меѓутоа, добро е да се има предвид, да се има при рака, ако има групирање макар и надвор иако е топло, да може да користи. Истото тоа важи и за собирите дома, сите граѓани треба да се свесни дека имаме сега стабилна ситуација меѓутоа навистина никој не може да предвиди не само ние, туку каде било во светот како понатаму ќе се одвива понатаму епидемијата. Ние ги пратиме сите трендови кај нас во околните земји и така согласно тоа ги даваме препораките, додаде Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по настанот на армискиот полигон „Криволак“, каде беше организиран Ден за високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“.