Министерот за здравство Венко Филипче, во знак на благодарност, денеска е домаќин на колегите лекари од болницата „Пирогов” од Софија, Република Бугарија .
Нивниот медицински тим даде максимална здравствена нега и поддршка на нашите сограѓани кои беа повредени во тешката сообраќајна несреќа на автопатот “Струма” во Бугарија.
-Министерот Филипче со проф. д-р Иван Поромански, директор на софиската болница, д-р Маја Аргирова началник на Клиниката за изгореници и пластична хирургија, главната сестра на болницата ги посетија Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија како и Клиниката за неврохирургија во Скопје каде беа префрлени пациентите повредени во нереќата, информираат од Министерството за здравство.