Претседателот на СДСМ, Венко Филипче го честита денешниот празник Богојавление – Водици.
„Го честитам големиот празник Богојавление, Бог се роди, во мое лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. На момчето коешто и годинава исто како и лани го фати крстот, му посакувам многу успех и среќа оваа година. Тоа што скокна во ладните води на Охридското езеро е доказ за една голема храброст, голема умствена и телесна сила“, рече Филипче од Охрид.
Текстот Филипче го честита празникот Богојавление – Водици е превземен од МАКФАКС.




















