МЗ одлули да ги предложи новите мерки на Владата која треба да ги усвои до утре. Мерките се од минатиот состанок на Комисијата за заразни болести, а станува збор за задолжителна вакцинација на здравствените работници, а вработените во јавниот сектор ќе мора да имаат сертификат за најмалку една доза или негативен ПЦР тест или потврда дека прележале Ковид 19.

Министерот посочи дека мерките кои ги предлагаат здравствените експерти се целосно издржани и ќе дадат резултат и за одржување на релативно стабилната епидемиолошка состојба во земјава како и за покачување на вакцинацијата во државата.

Говорејќи за состојбата во државата, министерот образложи дека болниците се полнат со невакцинирани пациенти, односно процентот на невакцинирани, а хоспитализирани се движи од 75% до 80%. Ваков вид, но и доста поригорозни мерки има насекаде во регионот, Бугарија, Хрватска, Словенија, Грција, како и Австрија, Холандија и други. Министерот Филипче, вечер ќе одржи состанок со Синдикатите како би ги слушнал и нивните предлози, кои ќе бидат презентирани и на владината седница.

На денешниот состанок на ГККШ не беа донесени заклучоци, предлог мерките ќе се разгледува утре на седница на Влада.