Министерот за здравство најави дека утре ќе поднесе тужба против Миле Лефков пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Како што се вели во писменото соопштение, тужбата е против постојаните клевети, лажни и неточни информации и нарушувањето на процесот за набавка на вакцини. Институциите си започнаа постапки со кои ќе се доккаже дека немално ништо спорно, ниту е направена било каква финансиска штета. Но, она што ќе остане е штетата која ја напрви ВМРО-ДПМНЕ во овој процес и сите блокади и деструкции од почеток на пандемијата. Но, јас веќе нема да молчам веќе. Утре до граѓанскиот суд ќе поднесам тужба за навреда и клевета и нарушување на мојата чест и углед против Миле Лефков, се вели во писмената реакција. Инаку, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и денеска на прес конференција изнесе обвинувања однос на цените и набавката на кинеските вакцини. Како што вели тој процесот одел преку оф шор компанија, а целта на Филипче и властите била провизијата.