Министерот за здравство Венко Филипче пред денешниот разговор за вакцините со Србија вели дека не постојат пречки ковид вакцините да пристигнат во Македонија.
“Сметам дека ние тука сосем добро може да го спроведеме процесот на имунизација и благодарам на поканата, но ние ќе останеме тука да ги вакцинираме сите наши граѓани”, рече Филипче
Тој вели дека измената на Законот за лекови доаѓа по специфично барање на Фајзер кое е донесено на глобално ниво.
Во однос на мерките и препораките, Филипче нагласи дека продолжуваат да бидат на сила.