Претседателот на СДСМ, Венко Филипче го честита Денот на ромскиот јазик – јазик кој е неразделен дел од културата и идентитетот на Ромската заедница, но и на богатството на нашето заедничко мултиетничко општество.

„Како Претседател на СДСМ, упатувам искрена честитка до сите граѓани, особено до припадниците на Ромската заедница, кои со гордост го негуваат и пренесуваат овој јазик низ генерациите.

Преку промоција на ромскиот јазик, не само што ја зачувуваме традицијата и историјата на еден народ, туку испраќаме и силна порака за почитување на различностите и за нашата заложба за инклузивно општество, во кое сите граѓани имаат еднакви можности и права.

Нашата партија, СДСМ, останува посветена на градење на држава во која културните и јазичните богатства на секој народ ќе бидат признаени и вреднувани. Нека овој ден биде потсетник за значењето на ромскиот јазик и за нашата заедничка одговорност да го зачуваме како дел од богатото културно наследство на нашата земја“, вели Филипче.

Текстот Филипче: Денот на ромскиот јазик е потсетник за важноста на културната инклузија и почитувањето на различностите е превземен од МАКФАКС.