Децата ќе бидат ослободени од задолжителен PCR тест за влез во Македонија изјави министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на вестите на тв Сител.
„Потребата за вакцинација е насочена кон полнолетните граѓани, над 18 години. Сметам дека мерките и досега дадоа резултат. Гледаме дека изминатата недела, откако беа најавени, зборувам за овие коишто се денеска се во сила, значајно се зголеми интересот за вакцина. Во еден момент достигнавме и до осум – девет илјади граѓани кои се пријавија и се вакцинираа во текот на еден ден. Минатата недела се дадоа околу 50.000 дози. Значајно се зголеми опфатот на вакцинација“ соопшти Филипче.
Министерот истакна дека досега околу 4.000 деца на возраст од 12 до 16 години се вакцинирале против вирусот.