Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва од Јегуновце, на граѓанска трибина рече дека нема потреба да зборува за кандидатот за градоначалник Дарко Блажевски, затоа што неговите дела зборуваат погласно од сите искажани зборови. Со над 60 реализирани проекти тој покажа каква треба да е вистинската грижа за жителите во својата општина.

„Денес сум дојден пред вас да побарам поддршка за нашиот кандидат за градоначалник Дарко Блажевски. Дарко беше градоначалник од 2017 до 2021 кога покажа како се работи во интерес на граѓаните на Јегуновце. Човек кој зад себе има дела кои говорат за него. Дарко и неговиот тим реализираа над 60 конкретни проекти и ова наследство ми дава за право искрено и силно да застанам зад него“, рече Филипче.

Тој ги потсети граѓаните на реализираните проекти на Блажевски за кого побара повторна поддршка на 19 октомври. Притоа претседателот Филипче нагласи дека борбата на СДСМ продолжува со искрена и чесна понуда на храбри луѓе кои ги носат вредностите на социјалдемократијата.

„Од нова спортска сала, реконструкција на регионални и локални патишта како од Јегуновце до Пршовце, Шемшево до автопат, до изградба на тротоари, плоштади, паркови Дарко докажа како се работи. Во Јегуновце има дури и сончеви панели за енергетска ефикасност во три училишта и минибуси за ученици затоа што е важно и до училиштето да се стигне безбедно„ рече Филипче во Јегуновце.