Министерот за здравство Венко Филипче на утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести предложил нови мерки до Кризниот штаб и Владата поради ширњерто на Ковид 19.
Истите се однесуваат на епидемиолошката состојба во Тетово:
Она што се предлага е следново:
-Забрана за оджрување на сите масовни настани на затворено, свадби, прослави. Ова е клучно да се почитува во следниот период, а граѓаните мора да разберат дека оваа мерка е нужна
-Исполнетост на затворениот дел од угостителските објекти не смее да надминува 30%, а на масите не смеат да седат повеќе од 4 лица
-Засилени контроли за спроведување на овие мерки но и мерките за лична заштита и тоа пред се носење маски на затворено
-Засилување на теренската вакцинација и комуникацијата на локално ниво со цел зголемување на опфатот, бидејќи е јасно дека само со вакцинација може да спречиме и ширење, и ризици од тешко заболување кај пациентите