„ЕМА потврди, АстраЗенека е безбедна, нема причинско-последична врска со претходно пријавените случаи и верувам дека имунизацијата ќе продолжи“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче во емисијата „24 анализа“.
Тој истакна дека кај нас пратиме две работи.
„Секогаш водиме сметка за да се соодветно испитани вакцините и да ги имаат соодветните сертификати за квалификации потврдени од регулативните тела ЕМА и Американската агенција. И секако водиме сметка што укажуваат националните агенции во овие ЕУ земји, кои што привремено го запреа вакцининирањето. Смртноста е многу помала, незначително од заразеноста и смртноста од корона“, рече Филипче и нагласи дека ќе се вакцинира со вакцината на АстраЗенека кога ќе пристигне.