Венко Филипче, се уште министер за здравство, бидејќи неговата оставка се уште не е прифатена, утрово имал состанок со директорите на Клиниките. Вели дека ситуацијата со Ковид вирусот се дледи постојано, а доколку има потреба ќе бидат донесени нови мерки.
-Дополнителни капацитети за лекување пациенти со ковид има и истите може да се стават на располагање во секој момент. Доставата на терапија оди тековно и нема застој. Вирусот во моментов има широка инфекција, во постојана координација и комуникација сме и со епидемиолозите, остануваме да ја следиме ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува со нови мерки тоа ќе го направиме, напиша Филипче на Фејсбук.