Утрово преку соопштение од Клиниката „Жан Митрев“ соопштија дека ќе ги намалат цените за болничко лекување на пациентите заразени со коронавирус, од 12.000 на 6.000 евра. Ова доаѓа по состанокот на приватните клиники со министерот Венко Филипче.
-Jа поздравувам одлуката на Клиниката Жан Митрев да ги намали цените за лекување на Ковид пациенти. Драго ми е што мојата иницијатива за намалување на цените на овие услуги во приватните установи вродува со плод. Се надевам дека и другите ќе го следат овој пример, порача Филипче.
Сепак, како што вчера соопшти министерот, од „Систина“ добил одговор дека не гледаат економска исплатливост и логика за да ги намалат нивните цени за лекување на пациенти заразени со коронавирус.