„2000 кинески вакцини од прозиводителот Синофарм пристигнаа на аеродомот во Софија и до вечер ќе пристигнат во нашата земја. Оваа донација е од Обединетите Арапски Емирати. Голема благодарност за заложбата на амбасадорот Абдулкадир Мемеди и на министерот за надворешни работи Бујар Османи што за краток временски период се обезеди оваа донација. Симболот на оваа здравствена криза е солидарноста“, објави на својата официјална facebook страна министерот за здравство Венко Филипче.