Министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека 20 отсто од новите случаи на заразени лица со Ковид 19 се од новиот британски сој на вирусот. Како што вели тој, кај нас расте бројот на пациенти кај кои е откриен ваков вирус, а според него овој сој побрзо се шири дури до 70 отсто има побрза трансмисија.
Министерот додава дека ова не е нешто ново за овој тип на вирус и се очекува во иднина да се појават уште повеќе мутации.