Филимена Бошковска Мишевска заедно со Гласен Текстилец извојуваа победа и се исправени недостатоците и направените прекршувања од страна на работодавачот ЛДИ Димотранс Македонија-Дооел Скопје.

По увидот од доставените списи од страна на Државниот Трудов инспекторат ја задолжил Агенцијата за вработување да направи исправка во М1/М2 образецот и да се промени основот на отказ. Односно со истек на определено време е известен и Фондот за Здраствено Осигурување за неправилностите во одјавата од страна на работодавачот, за што Филимена треба да го продолжи своето породилно одсуство и да не врати ни денар на Фондот за Здраство како што беше наложено во решението на ФЗО.

Од Гласен Текстилец велат дека соработката со ДИТ продолжува и се надеваме дека останатите институции како што е АВРМ и ФЗО ќе бидат претпазливии ќе ги заштитат работниците и работничките од одредени работодавачи.

Воедно случајот со Филимена е еден од многуте каде се укажува на потребата од заштитата на бремените жени и жените на породилно отсуство од страна на Државата.

Инаку, случајот со младата мајка Филимена Бошковска, која доби отказ среде породилно отсуство и барање да ги врати на државата парите од породилното, уште еднаш го отвори прашањето за заштитата на правата на бремените и тукушто породените жени.

Бошковска пред неколку дена за РСЕ раскажува дека работела речиси до крајот на бременоста. Работодавецот бил информиран дека ќе замине на породилно отсуство. Регуларно си поднела документи до Фондот за здравствено осигурување(ФЗО), за исплата на деветмесечниот надоместок за плата додека е на породилно. И првите месеци се било во ред, но не за долго. Прво се соочила со подолго доцнење на исплатата за два месеци, за откако парите конечно и легнале на сметка да добие барање од ФЗО да ги врати назад за последниот месец, бидејќи била одјавена со отказ.