Репрезентациите кои планираа да носат капитенска лента со виножито, се повлекоа од својата намера откако ФИФА им се закани со жолт картон за капитените.

Advertisements

Селекциите на Холандија, Англија, Данска и Велс, планираа да изразат поддршка за ЛГБТ заедницата со тоа што ќе носат капитенска лента со виножито. Сепак, ФИФА застана на страната на домаќинот на Мундијалот и се закани дека секој капитен кој ќе носи лента со поддршка на ЛГБТ заедницата ќе добие жолт картон на почетокот од мечот.

По оваа одлука на ФИФА, сите земји кои сакаа да носат лента со виножито, се повлекоа од таквата намера.

Прикажи повеќе