Баскија сака да се одвои од Шпанија и во иднина да настапува самостојно на европските и светските натпреварувања.
Шпанската покраина Баскија која брои 2.2 милиони жители, сака да има своја фудбалска репрезентација која легитимно би се натпреварувала во квалификаците за ЕП и СП.
Баскиската фудбалска федерација во вторникот и официјално го поднесе барањето во ФИФА и УЕФА да и биде дозволено да се натпреварува како самостојна држава.
„ Тоа е службено барање со кое бараме да бидеме примени како полноправна членка. Покрај барањето, поднесена е и потребната правна и административна документација со која го поткрепуваме нашето барање. Ова е легитимна и остварлива цел од правен аспект. Тоа го потврдува примањето во УЕФА и ФИФА на други европски територии кои не се самостојни држави, а има долга историја на своите репрезентации, со сопствена лига или без неа“, стои во соопштението на Баскиската фудбалска федерација.
The Basque Football Federation (FVF-EFF) presents to FIFA and UEFA an official request to become a full member of both organizations. pic.twitter.com/IT2SPaOyij
— Beñat Zarrabeitia (@bzarrabeitia) December 15, 2020
Баскија од 1978 година е една од 17 автономни шпански покраини кои имаат свое собрание, влада и полиција, а баскискиот јазик е службен во сите тамошни институции.
„Ја известивме Шпанската фудбалска федерација за нашата желба да започнеме преговори кои би резултирале со договор со кој би добил службена авторизација од нив. Нашата цел е во крајот временски рок да го лансираме проектор „Escual Selkzioa“ (Баскиска репрезентација) и кога ќе помине пандемијата на коронавирусот, повторно ќе се поврземе со навивачите, пишува во дел од соопштението на Баскиската фудбалска федерација.