Светските првенства за фудбалери до 17 и до 20 години, што требаше да се одржат во 2021 година, се откажани поради пандемијата на коронавирус, соопшти денеска Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА).
Двете завршници се пролонгирани за 2023 година.
Светското првенство до 20 години ќе се игра во Индонезија, а за фудбалери до 17 години во Перу, како што и беше планирано.
-Стана јасно дека глобалната ситуација не успеа да се нормализира на ниво потребно да одговори на предизвиците поврзани со организација на двата турнири, вклучувајќи ги и неопходните квалификации, соопшти ФИФА. (МИА)