ФИФА објави дека талентираниот играч за врска на Баерн, Xамал Мусиала може да игра за Германија.
Младиот англиски фудбалер избра меѓу двете земји, на крајот ја избра Германија на барање на Јоаким Лев, кој веќе е поранешен селектор.
18-годишникот играше за помладите возрасни групи на англиската репрезентација, но ќе се најде на списокот на Германија за натпреварите во квалификациите за СП 2022 година.
Тој неодамна потпиша нов договор со Баерн, а ФИФА му даде зелено светло за настап во дресот на Германија.