ФИФА и УЕФА, ги суспендираа сите руски екипи и репрезентации од нивните натпреварувања. Оваа одлука ја донесоа највисоките тела на двете федерации, Советот на ФИФА и Извршниот комитет на УЕФА.
„По првичните одлуки кои ги усвојува Советот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) и Извршниот комитет на Европската фудбалска федерација (УЕФА), а кои предвидуваа дополнителни мерки, ФИФА и УЕФА денеска заедно одлучија на сите руски екипи, клупски или репрезентативни да ги суспендираат. Фудбалот е обединет и е полн со солидарност со сите погодени луѓе во Украина. Двајцата претседатели се надеваат дека ситуацијата во Украина брзо ќе се поправи“, објави ФИФА.