Светската фудбалска федерација (ФИФА) покрена постапка против Фудбалскиот сојуз на Мексико за хомофобични испади на натпревар против Доминиканската Република одигран на 18 март.
На овој натпревар присуствуваа одреден број навивачи, а од трибините се слушаа извици навредливи кон хомосексуалците.
Затоа ФИФА поведе постапка против фудбалскиот сојуз на Мексико и дури им се заканува и одземање на бодови.
„ФИФА потврдува дека дисциплинската постапка е отворена против фудбалскиот сојуз на Мексико поради дискриминаторски повици на натпреварот против Доминиканска Република“, се вели во соопштението на ФИФА.
Истите извици беа слушнати и на натпреварот против САД, а ФИФА им се закани на Мексиканците со одземање на три бода и регистрација на мечот во корист на Доминиканска Република со 3:0.
Натпреварот заврши со победа на Мексико од 4:1 во квалификациите за Олимписките игри.