Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, изјави дека е згрозен што некои лидери на Европската Унија го набљудуваат конфликтот во Украина лекомислено и со себичен интерес.
„Буквално сум згрозен од лекомисленоста и себичниот интерес со кој многу лидери на Европската Унија гледаат на бесмислените убиства на Украинци и Руси, блиски до нас Словените“, рече Фицо во своето новогодишно обраќање објавено на социјалните мрежи.
Словачкиот премиер истакна дека мирот не е празен збор, туку мора да стане основа на постоењето на луѓето.
Во своето обраќање, тој ја честиташе Новата година и на руски, како и на англиски, италијански и шведски јазик, со што потврди дека неговата надворешна политика е ориентирана кон сите четири страни на светот, пренесуваат медиумите во светот.
Текстот Фицо: Згрозен сум од себичниот интерес со кој лидерите на ЕУ гледаат на бесмислените убиства на Украинци и Руси е превземен од МАКФАКС.























