Обвинителката Фатиме Фетаи во завршниот збор за случајот „Монструм” рече дека на почеток сака да побие неколку теории кои се ширеле, како што се тоа дека возилото „опел омега“ е на полицијата и било подметнат, дека убиствата биле извршени на друго место, дека загрозениот сведок е наместен, како и дека Вељаноски има некаква поврзаност со случајот.
Уште на почетокот, рече таа, мора да го расчисти патот и да ги побие разните теории кои ги наметнувала одбраната и кои се појавуваа во разни медиуми во врска со петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012.
„Се лиферуваа и информации дека децата биле во блиски информации со синот и ќерката на Трајко Велјаноски со кои имале честа дружба и наводно тоа е причината дека истите биле ликвидирани. За вакво нешто до овој момент ниту беше предложен каков било доказ ниту произлегоа какви било индиции дека убиените деца се познавале со деца на висок функционер, уште помалку дека имало некакви долгови“ – истакна Фетаи
Пред да започне, како што наведе, со „расчистувањето на патот“, обвинителката порача дека станува збор за предмет каков не сака ниту таа ниту кој друг обвинител во иднина да се повтори и да работи.