Во рамки на Националниот форум – Саем на граѓански организации, Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, учествуваше и се обрати пред претставниците на граѓанското општество. Тој ја истакна важноста од континуиран дијалог меѓу Владата и граѓанскиот сектор, потенцирајќи дека граѓанското општество претставува еден од клучните механизми за зајакнување на демократијата и транспарентноста.

Фетаи посочи дека Владата останува посветена на изградбата на поотворени институции и на редовна соработка со граѓанските организации, повикувајќи ги истите да продолжат да бараат отчетност и да ги адресираат предизвиците што ги засегаат граѓаните.

Тој нагласи дека мисијата на Владата е градење на отворени и ефективни институции и ги охрабри граѓанските организации да го продолжат нивниот критички ангажман.

Заменик претседателот на Владата додаде дека неговата канцеларија ќе остане отворена за директна и континуирана соработка со сите организации од граѓанското општество.

Текстот Фетаи на Националниот форум на граѓански организации: Мисијата на Владата е градење на отворени и ефективни институции е превземен од МАКФАКС.