Вишата обвинителка Фатиме Фетаи за “Фокус” изјави дека сама ги покрила трошоците за да го проследи фудбалскиот натпревар во Палермо.

„Секако дека трошоците поврзани со следењето на натпреварот (овој и на другите) сама ги покривам. Да се радуваме заеднички на овој и те како заслужен успех, ни изјави обвинителката Фетаи, штом пристигна во Скопје.

Министерот за правда, Никола Тупанчевски, исто пред Фокус изјави дека и тој на свој трошок бил во Палермо.