Во Грција има и такви места – на прв поглед изгледаат феноменално, но всушност кријат прилично мрачна историја. Една таква се наоѓа во близина на градот Страва во Коринт.
Тоа е плажата Микри Алкиони, која е доста недостапна. Кристално чистата вода е главната карактеристика на ова место, кое е опкружено со густа борова шума.
Пејзажот е крајно идиличен, но крие многу мрачни моменти.
Првата причина зошто ова место е истовремено интересно и опасно во исто време е дека во близина има област каде што често се гледаат ајкули, дури и во плитките предели. Видеа со ајкули забележани во областа кружат на Интернет, па само најхрабрите се осмелуваат да ја посетат плажата Микри Алкиони, место со неверојатна убавина.