Престижниот американски магазин „Форбс“ објави ажурирано рангирање на најплатените познати личности во светот на крајот на 2020 година.

Тројца спортисти се наоѓаат во топ 5 ранг-листа: тенисерот Роџер Федерер (3. место, 106,3 милиони долари годишно), како и фудбалерите Кристијано Роналдо (Јувентус, 4. место, 105 милиони долари) и Лионел Меси ( Барселона, 5. место, 104 милиони долари).

Уште двајца спортисти се наоѓаат во Топ 10 на листата на Форбс: Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар (7. место, 95,5 милиони долари) и кошаркарот на Лејкерс, Леброн Џејмс (9. место, 88,2 милиони долари).

Првото место на крајот на годината го зазеде моделот Кајли Џенер (590 милиони долари), втор беше раперот Кание Вест (170 милиони долари).