Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер нема да настапи на следните два турнири од Мастерс серијата во Торонто и Синсинати.

Федерер ги откажа настапите во Торонто и Синсинати поради повреда на коленото, а под знак прашалник е и неговиот настап на последниот Грен слем турнир на УС Опен.

Федерер, исто така, ги пропушти Олимписките игри поради повреда на коленото, и минатата година беше на операција на десното колено двапати.

Швајцарскиот тенисер оваа сезона одигра пет турнири, а љубителите на тенисот стравуваат дека ќе го пропушти УС Опен, кој го освои пет пати, последен пат во 2008 година.

Тој го освои својот последен Грен слем, Австралија опен, во 2018 година, и оттогаш Новак оковиќ освои осум, додека Рафаел Надал освои четири Грен слем турнири.

Овие тројца тенисери се еднакви по бројот на освоени Гренд слем титули, освоија по 20.

Мастерсот во Торонто започнува на 9 август, Синсинати е една недела подоцна, а УС Опен започнува кон крајот на овој месец, поточно на 30 август.

Исто така, беше објавено дека освојувачот на златниот медал на Олимписките игри во Токио, Александар Зверев, исто така, нема да игра во Торонто, како и Матео Беретини, Канаѓанецот Милош Раониќ и Шпанецот Пабло Карено.