Во моментот кога Бугарија се обидува да го минимизира српското влијание во Македонија, ние како албанци, немаме здрави политички структури кои би го подржале тој процес. Ова меѓу другото, го изјавил издавачот на весникот Лајм, Фејзи Xaјдари, во интервју за бугарската новинска агенција “Бгнес”.
Според Xaјдари, албанските политички партии во Македонија понекогаш, дури повеќе и од просрбските македонски структури, служат на интересите на Србија.
“Убеден сум дека треба да биде обратно”, смета Xaјдари. Тој отворено им замерува на албанските партии во СРМ поради недостиг на капацитет, и е убеден дека Али Ахмети, како претседател на владејачката партија ДУИ, треба да ја посети Софија да ја увиди реалноста, бидејќи долго време е опкружен со луѓе кои му претставуват лажна реалност.
“Интересите на овдешните албанци не се поврзани само за оската Белград-Атина, туку се многу пошироки. Ахмети треба да ја прочита вистинската историја а не само таа која му ја преставуваат лажни историчари”, потенцира Ајдари.
Тој бара Северна Македонија да даде исто значење на Коридорот 8, кој се протега од Црно Море кон Јадранот, и да не се фаворизира само коридорот 10, кој оди од Грција кон Србија.
“Министрите албанци раководат министерства кои враќаат назад милиони евра финансии од Европската Унија, кои се наменети за Коридорот 8”, тврди во ексклузивното интервју за БГНЕС, Фејзи Ајдари.
Во истото интервју, тој потсетува и на добрите блиски односи кои ги негуваше со Бугарија бившиот претседател на Демократската Партија на Албанците, Арбен Џафери, порачувајќи им на сегашните политичари албанци да го следат тоа.