Фејсбук ги отстрани проблемите што предизвикаа втор прекин на неговата работа оваа недела и им се извини на корисниците.
Синоќа, Фејсбук, Месинџер и Инстаграм повторно станаа недостапни за корисниците во некои делови на светот. Според податоците на веб -страницата Downdetector, корисниците пријавиле прекини во работата на социјалните мрежи. Компанијата соопшти дека падот е предизвикан од „погрешна конфигурација“ на рутерите.
Искрено се извинуваме ако немавте пристап до нашите социјални мрежи во последните неколку часа. Го отстранивме проблемот и ви благодариме уште еднаш за трпението оваа недела, се нагласува во објавата на Фејсбук.
Податоците за проблемите со Фејсбук почнаа да се појавуваат вчера по 20 часот. Корисниците во САД и Европа изразија незадоволство од работата на страницата и мобилната апликација. Неколку минути по првите известувања за прекини на Фејсбук, имаше и извештаи за проблеми со Инстаграм. Во понеделникот, Фејсбук, Месинџер, Инстаграм и Ватсап беа недостапни со часови во многу делови на светот.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.