Како наближува инаугурацијата на 20-ти јануари на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден се зголемува и обезбедувањето во Вашингтон. Ова повеќе поради предупредувањето од Федералното Истражно Биро дека се подготувуваат вооружени протести во главниот град и уште 50 главни градови во американските сојузни држави. ФБИ тврди дека има информации за група луѓе кои повикуваат на „јуриш“ врз институциите во случај Трамп да биде отповикан од функцијата пред истекот на мандатот. Неидентификуваната вооружена група наводно се планира бунт и немири и на денот на инаугурацијата на Бајден. Се подготвуваат да пристигнат во Вашингтон на 16-ти јануари, и иако протестите ги најавиле за мирни, сепак за денот на инаугурацијата се активирани 15 илјади војници. ФБИ повика и на вонредна состојба до 24-јануари, која со уредба е одобрена и од претседателот во заминување Доналд Трамп.

Во меѓувреме, тече рокот од 24 часа кои му ги дадоа Демократите на потретседателот Мајк Пенс да го активира амандамнот 25 и да го отповика Трамп пред истекот на мандатот, бидејќи по насилниот упад на Капитол Хил, сметаат дека не е во можност да ги извршува своите должности. За Демократите, Трамп претставува „директна закана“ за нацијата и „мора веднаш да биде сменет од функцијата“. Додека трае расправата во јавноста за тоа дали има време за импичмент на Трамп со оглед на тоа што му остануваат уште 8 дена во Белата Куќа, Демократите сметаат дека тој мора да одговара за она што се случи минатата недела.

Аналитичарите велат дека Трамп ја остава Америка во еден вортекс на насилство, болест и смрт, нешто што се нема случено 150 години. А она што ќе го наследи Бајден е загрозена демократија.