Фатмир Лимани, поранешен кандидат за градоначалник на Кичево, сега член на БЕСА, а внук на Али Ахмети преку социјалните мрежи објави неколку работи за директорот на Лотарија на Македонија и казината во нашата земја.

Еве што пишува тој:

  • Некогашниот патриот Абаз Џука, го барал и го добил Директорот на ЛОТАРИЈА на Македонија, за да молзи и краде од албанските семејства.
  • Зошто не зема некоја дирекција за економски развој за да се вработуваат младите во земјава, туку се избори да стане собирач на даноци на добивките од казината?
  • Асистентот на Артан Груби станува директор на Лотарија на Македонија, но што добиваат и што губат Албанците со ова?
  • Колку месечен профит се собира во касата на Али Ахмети од обложувалниците што ги отвори низ целата наша држава?!

*ПС: Во наредните денови ќе се занимаваме со проблематиката на коцкање, казината, лотариите….