Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи преку социјалните мрежи презентираше неколку чекори кои ги преземала Владата за нови вработувања и инвестиции во Битола и битолскиот регион. Притоа Битиќи порача дека татковината се сака со работа.
Битиќи на ФБ напиша:
Во последните 4 години покажавме љубов со дела, со посветена работа!
Во зоната во Жабени се отвораат нови 1600 работни места
Преку ТАВ програмата со 49 милиони евра ќе се реализираат 94 проекти во најголемиот број општини низ цела држава, вклучително и Битола.
Во последните 3 години имаме раст на просечната плата од близу 6.000 денари
Реални проекти, реални остварувања, дела и решавање на проблеми.