Полицијата од Охрид поднесе кривична пријава против Р.А.Д. (50) и Ј.С. (44) од овој град, поради сомнение за кривичното дело поткуп при избори и гласање.

Според полицијата, на 19 октомври, за време на локалните избори, двајцата биле затекнати како се движат од куќа до куќа со пари и список што содржел лични податоци и адреси на жители со избирачко право во Охрид. На евидентирани лица им нуделе и делеле парични средства, со намера да ги придобијат да гласаат во корист на кандидат за градоначалник на една политичка партија.

По целосно документирање на случајот, пријавата е поднесена до надлежен орган за понатамошна постапка.

Текстот Фатени со пари и список од врата до врата – двајца охриѓани пријавени за изборен поткуп е превземен од МАКФАКС.