Полицијата на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, на влез во селото Гајре, приведе двајца малолетници за пукањето што се случи во понеделникот.
„На 26 мај околу 21.15 часот на улица „111“ во Тетово пукале со автоматска пушка во правец на куќа, сопственост на М.Т. од Тетово“, соопшти МВР.
Малолетниците се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и во присуство на службеници од Центарот за социјални работи извршен е службен разговор. По документирање на случајот ќе биде поднесена пријава.
Текстот Фатени малолетници кои со автоматска пушка пукале кон куќа во Тетово е превземен од МАКФАКС.