Вчера во Неготино, полициски службеници лишиле од слобода 47-годишен возач, откако при контрола на неговиот автомобил констатирале дека поседувал фалсификувана возачка дозвола издадена во Република Бугарија.
Како што информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, против неготинецот ќе биде поднесена соодветна пријава.