Фудбалска Европа сè уште зуи за натпреварот помеѓу Србија и Португалија, односно за деталите непосредно пред крајот на овој натпревар.

Се играше судиското надополнување кога резултатот беше 2:2, Кристијано Роналдо изби пред српскиот голман, го заобиколи и шутираше, а топката беше симната од или зад гол-линијата од страна на домашниот стопер Стефан Митровиќ.

Многумина се поделени околу тоа дали топката ја мина гол-линијата, но свирежот на Дани Маккели не се слушна.

Ова предизвика невиден бес кај Роналдо, кој целосно ги загуби нервите, па затоа холандскиот судија му покажа жолт картон. Фудбалерот на Јувентус тогаш самоволно отиде во соблекувалната.

Ако прашате една обложувалница во Москва, Роналдо постигна гол и Португалија славеше!

Да, добро прочитавте. Една руска обложувалница реши на сите оние кои играа дека Роналдо и неговите пријатели ќе победат да им ја признае добивката.

Исто така го признаа и голот на Португалецот.

Така, европскиот шампион дојде до победа во Белград, барем некаде на хартија, но тоа е мала утеха за Кристијано Роналдо, кој секако сè уште не може да се помири со својата судбина.