Фудбалерите на Барселона вечерва на домашен терен го играат заостанатиот натпревар од првото коло во шпанската Ла Лига против Елче.
Каталонскиот клуб не е во најдобра форма во последно време по дебаклот во Лигата на шампионите против ПСЖ, и неочекуваното реми во недела на „Камп Ноу“ против слабиот Кадиз.
Јасно е дека тимот на Роналд Куман е под императив за победа на вечерашниот натпревар и што било друго освен три бода би било уште еден голем неуспех.
Куман најави неколку измени во составот пред вечерашниот натпревар, но според најавите на каталонски Спорт, се чини дека тоа нема да се случи.
Навивачите на Барселона се многу разочарани од најавениот состав за вечерашниот натпревар бидејќи е јасно дека скоро идентична екипа ќе истрча на теренот како на повеќето натпревари. Но, Куман има уште неколку часа да се предомисли.
Веројатно составот на Барселона: Тер Штеген, Дест, Пике, Ленглет, Жорди Алба, Бускетс, Де Јонг, Педри, Дембеле, Меси, Гризман.