Фармацевтскиот гигант Фајзер ја спроведува првата фаза на клинички испитувања на антивирусна орална терапија што може да ја земе пациент со ковид-19 кога ќе ги развие првите симптоми.
Во случај на добри резултати, ова би можело да биде првата орална антивирусна терапија за коронавирус.
– Advertisement –
Таблетата се тестира во САД и се потпира на инхибитори на протеаза – ист вид технологија што се користи за лекување на ХИВ и хепатитис Ц, пишува Форбс.
Студијата е комбинирана и вклучува плацебо групи со студии за единечна и повеќе дози.
Компанијата, исто така, проучува интравенски антивирусен лек за лекување на ковид-19, кој сега е клинички тестиран на пациенти со ковид-19.
– Заедно, овие два лека имаат потенцијал да создадат третман што ја надополнува вакцинацијата – изјавил научникот од Фајзер, Микаел Долстен.