Компанијата „Фајзер“ соопшти дека нејзините претставници планираат да се состанат со водечките американски научни службеници за да разговараат за апликацијата на фармацевтската компанија за федерално одобрување на трета доза на вакцината против коронавирусот.
Водечкиот медицински советник на претседателот Џо Бајден, др. Ентони Фаучи, призна дека е „сосема веројатно, можеби дури и веројатно“ дека ќе биде потребна дополнителна доза.
Компанијата соопшти дека е закажан состанок со претставници на Администрацијата за храна и лекови (ФДА) и други официјални лица, неколку дена откако „Фајзер“ соопшти дека ќе бидат потребни дополнителни дози на вакцината во рок од 12 месеци
Научникот на „Фајзер“, д-р Микаел Долстен минатата недела изјави дека раните податоци од студијата за зајакнување на вакцината укажуваат дека нивото на антитела скокнало пет до десет пати по приемот на третата доза, во споредба со втората доза што ја примиле неколку месеци порано – доказ за кој верува дека ја поддржува потребата за зајакнување на вакцината.
Фаучи во неделата не ја исклучи можноста за трета вакцина, но рече дека сега е премногу рано да се очекува владата на САД сега да препорача трета доза на вакцина. Центрите за контрола и превенција на болести и ФДА се во право кога сметаат дека третата доза на вакцината сè уште не е потребна.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.