Компанијата „Бионтек“ очекува до септември да ги добие резултатите од пробните тестови на вакцината, кои заедно со „Фајзер“, ja разви за бебиња од само шест месеци, објави денеска германскиот магазин „Шпигел“, цитирајќи го извршниот директор на „Бионтек“.

Во јули, првите резултати треба да бидат достапни за деца на возраст од пет до 12 години, а во септември за помали деца“, изјави извршниот директор на „Бионтек“, Угур Шахин за „Шпигел“.

Тој додава дека ќе бидат потребни околу четири до шест недели за да се проценат податоците.

Ако сè оди добро, веднаш штом ќе се проценат податоците, ќе можеме да аплицираме за одобрување на вакцината за сите деца во соодветната возрасна група, во различни земји, рече тој.

Овој месец, компаниите „Бионтек“ и „Фајзер“ побараа од американските регулатори да одобрат итна употреба на нивната вакцина за адолесценти на возраст од 12 до 15 години.

Германски „Шпигел“, цитирајќи го Шахин, пренесе дека компанијата е „во завршна фаза пред да го достави“ барањето до европските регулатори за деца на возраст од 12 и повеќе години.

Резултатите од испитувањето објавено кон крајот на март покажаа дека вакцината на двете компании е безбедна и ефикасна кај адолесцентите.

Инаку, вакцината „Фајзер“/„Бионтек“ веќе е одобрена за употреба кај лица постари од 16 години.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.