Научниците сè уште не се сигурни дека иста ситуација е можна и кај лицата кои имунитетот го стекнале само со вакцинација, без прележан Ковид-19.

Вакцините Фајзер и Модерна можат да обезбедат имунитет на коронавирусот кој ќе трае повеќе години, можеби и доживотно, тврди новата студија.

Денес објавената студија сугерира дека кај повеќето лица кои се вакцинирани со некоја од вакцините нема да им треба трета доза, само ако кај новите соеви не дојде до значителни мутации.

Студијата не ја проучувала вакцината на Џонсон и Џонсон, но се очекува дека имунитетот по таа вакцина ќе биде послаб од тој кој го овозможуваат вакцините на Фајзер и на Модерна.

Клетките кои го препознаваат вирусот се задржале во коскената срцевина најмалку осум месеци по инфекција со коронавирусот. Друг тим истражувачи откриле дека меморискиот лимфоцит B продолжува да созрева и јакнe најмалку една година по инфекцијата.

Тоа откритие сугерира дека имунитетот би можел да трае повеќе години, можеби и цел живот, кај луѓето кои биле заразени, а подоцна примиле вакцина. Научниците сè уште не се сигурни дека иста ситуација е можна и кај лицата кои имунитетот го стекнале само со вакцинација, без прележан Ковид-19.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.