Компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ започнаа меѓународна студија со 4.000 учеснички за да се оцени безбедноста и ефикасноста на вакцината против Ковид-19 кај здрави бремени жени.
Новата студија ќе тестира бремени жени на возраст од 18 години и повеќе во САД, Канада, Аргентина, Бразил, Чиле, Мозамбик, Јужна Африка, Велика Британија и Шпанија.
Жените ќе примат вакцина помеѓу 24. и 34. недела од бременоста и ќе земат две дози во растојание од 21 ден, како што беше направено во поголемо клиничко испитување.
Набргу по породувањето, учесничките кои ќе добијат плацебо во испитувањето ќе имаат можност да ја примат вистинската вакцина, соопштија компаниите.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.