Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон денеска од Скопје со честитки до Владата и македонските граѓани за, како што рече, историски успех со отворањето на пристапните преговори за членство во Унијата.
-Свесна сум дека ова беше болен и тежок пат и затоа на Северна Македонија останува да направи се за луѓето, да се започне овој тежок процес на реформи. Поддржувам земјата до 2030 година да станете полноправна членка, цел што е реална, доколку сите државјани бидат на овој пат. Ние ќе ве поддржиме, важно е да бидеме свесни дека се почнати пристапните преговори, изјави денеска Фајон на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Фајон порача дека ќе направат сè што треба со цел државата непречено да продолжи по овој пат и при тоа да не биде загрозен македонскиот јазик. – Ваков доказ е скорешниот потпис на договорот со ФРОНТЕКС, каде што македонскиот јазик многу јасно ќе биде јазик што ќе биде приоритет. Ако направам компарација, и ние имавме болни искуства, моравме да донесеме тешки компромисни улоги но ја достигнавме целта. Ќе бидат потребни многу напори, секако Извештајот јасно кажа кои се тие проблематични точки каде што мораме повеќе да се концентрираме, истакна таа. Фајон додаде дека повеќе од 40 отсто од законодавството на земјава е усогласено со европското, што покажува дека Северна Македонија ќе биде успешна на тој пат. Османи нагласи дека средбата со Фајон ќе внесе нова динамика и нова содржина во односите и интересите на граѓаните од двете земји и додаде дека евроинтеграциите била една од темите на разговор. – Една од темите на разговор беше почетокот на нашите евроинтеграции. Конечно влеговме во последната фаза пред членството, а тоа е почетокот на преговорите. Европската Комисија во Извештајот ги оцени преговорите како историски момент и тука ќе биде особено важно словенечкото искуство и поддршката во нашиот процес на преговори, истакна министерот Османи на денешната заедничка прес-конференција.