Изборот за песна на Евровизија следната година ќе се одржи во Велика Британија. Организаторите на фестивалот одлучија тој да не се одржува во победничката земја Украина, поради руската окупација. Претставникот на Велика Британија го освои второто место на овогодинешната Евровизија, па организаторот на фестивалот започна разговори за одржување на фестивалот во оваа земја. Се уште не е познато во кој град ќе се одржи, но интерес пројавија Глазгов и Манчестер.

Advertisements

Прикажи повеќе