Голем број европски земји најавија, по објавата на Европската агенција за лекови (ЕМА) дека вакцината AstraZenecа е безбедна и ефикасна, дека ќе продолжат да ги вакцинираат граѓаните.
Словенија ќе продолжи со вакцинацијата со вакцината на AstraZeneca против ковида-19, објави словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар.
И Италија ќе продолжи утре со вакцината на АстраЗенека, изјави италијанскиот премиер Марио Драги.
„Приоритет на Владата останува да вакцинира што е можно повеќе луѓе што е можно побрзо“, наведе Драги во краткото соопштение.
Шпанија, Франција, Германија, Бугарија, Португалија и Данска исто така најавија продолжување на вакцинацијата.
Летонија, Литванија и Кипар утре ќе продолжат да ја користат вакцината на „АстраЗенека“, соопштија министрите за здравство на овие земји.
Околу дваесетина земји, претежно европски, привремено ја прекинаа вакцинацијата со AstraZeneca поради страв дека предизвикува згрутчување на крвта кај некои пациенти.
Во меѓувреме, Шведска објави дека и требаат „неколку дена“ за да ја анализира ситуацијата и да одлучи дали да продолжи да се вакцинираат граѓаните со „АстраЗенека“, изјави шефот на јавното здравство на Шведска, Јохан Карлсон.
„Ние ќе го објавиме нашиот став во врска со употребата на AstraZeneca следната недела“, додаде тој.
Норвешка е исто така сеуште претпазлива и нема намера да ги вакцинира своите граѓани со АстраЗенека до ново известување.
Комитетот за проценка на ризикот на ЕМА (PRAC) денеска заклучил дека вакцината на британско-шведскиот производител не е поврзана со поголем ризик од тромбоемболизам, но дека не може целосно да се исклучи врската помеѓу тие случаи и вакцинацијата.
На националните власти им е препорачано да ја подигнат свеста за можните несакани ефекти и внимателно да ги следат, а ЕМА објави понатамошни истраги за инцидентите поврзани со згрутчување на крвта по вакцинацијата.
Извршниот директор на ЕМА, Емер Кук, на прес-конференција рече дека не може да се исклучи вакцинирањето на милиони луѓе поради појава на ретки случаи на заболување.
Досега, 7 милиони луѓе примиле вакцина во ЕУ и 11 милиони во Велика Британија.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.