Европскиот суд за правда донесе денеска одлука со која на компаниите им дозволува да забранат на вработените муслимани да носат марама во работните простории, но под одредени услови. Според одлуката компаниите мора да покажат вистинска потреба за забрана на работникот да носи марама и треба да го земат предвид специфичниот национален контекст.

Advertisements

„Забраната за носење каква било видлива форма на изразување на политички, филозофски или религиозни убедувања на работното место може да биде оправдана со потребата на работодавачот да претстави неутрална слика кон клиентите или да спречи социјални спорови“, е наведено во судската одлука.

Во неа е посочено дека сепак оправдувањето на работодавачот мора да одговара на вистинска потреба на компанијата при усогласување на правата и интересите за кои станува збор. Дополнително националните судови можат да го земат предвид специфичниот контекст на земја-членка и, особено, поповолните национални одредби за заштита на слободата на религијата.

Прикажи повеќе