Европските пратеници четврти пат од 2018 година побараа од Советот на ЕУ веднаш да ги вклучи двете земји во зоната на слободно движење, што би значело укинување на контролите на нивните граници со другите земји од Шенген зоната.
За такво проширување потребна е едногласност во Советот.
Во текстот изгласан во Стразбур со големо мнозинство (547 гласа за, 49 против и 43 воздржани), пратениците на ЕУ потсетија дека Бугарија и Романија, кои влегоа во ЕУ во 2007, „веќе неколку години ги исполнуваат сите потребни услови“.
Шенгенската зона е област во која може да се патува без пасоши и каде граничните контроли во принцип се укинати.
Бугарија и Романија бараат влез во Шенген зоната од 2011 година, но некои држави, вклучувајќи ја Холандија, се колебаат да дадат одобрување, барајќи од тие земји поголем напредок во борбата против корупцијата.
Од 27 држави членки на ЕУ, само Бугарија, Романија, Хрватска, Кипар и Ирска не се дел од шенгенскиот простор.
Од друга страна, вклучени се Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн, земји кои не се членки на ЕУ.