Првиот дрес на Интер сезонава е навистина импресивен, вториот исто така не е лош, но што е со третиот сет?
Протекоа фотографии од изгледот на третиот дрес на Интер, а навивачите, најблаго речено, се во очај. Единствената утеха е што овој сет нема да се користи, можеби само во неколку игри, и тоа е прашањето.
Дизајнот на многумина им изгледа детски, иако изгледот на самиот дрес е единствен во Европа.
Она што е сигурно е дека овие дресови нема да бидат толку барани во официјалната продавница на Интер, ниту пак некој од навивачите ќе има голема желба да ги носи.